Одблиску со Силви и Влатко, пред нивниот мјузикл “Ромален” на 27-ми декември (Фото)

Дека и во Македонија може да се оствари оној таканаречен “американски сон”, жив доказ се музичкобрачната двојка Силвана и Влатко Плевнеш, алијас “Силви бенд”. Тие живеат среќно со ќерката Деа Аделина во петкатна семејна куќа, целата изработена во форма на клавир, во елитната скопска населба Козле.

Клавирот како мотив е застапен на главниот надворешен ѕид, и на балконот меѓу двете нивоа во куќата. Имаат дури три вистински клавири, од кои најимпресивен е белиот на кој често си пеат и свират за своја душа, и еден бел над него, закачен наопаку на таванот. Белиот клавир, бели кожни гарнитури, се во бело. Интересни уметнички слики, и камин во салонот, кој дава посебна топлина.

“Куќата има околу 400 метри квадратни, ја направивме пред пет години, за шест месеци од почеток до крај”, пред неколку години раскажа Влатко пред диктафонот на новинарката Валентина Ѓоргиевска Парго. За амбиентот на нивниот дом Силви, заедно со нејзината пријателка, стилистката Лидија Перчинковска, го бендисувала и купувала мебелот. Со многу стил, префинетост и елеганција дише секој дел од нивното семејно катче.

“Белото е симбол на светлина, чистота, невиност. Смирува. Затоа ја сакаме таа боја. Тргнавме од онаа така наречена “калуѓерска практика” (кревет, масичка и свеќа), а потоа наградувавме со детали и куќни предмети, зошто лесно е од убаво дизајнирано да премине во натрупано, и кич”, вели Силви, пејачка ѕвезда која е вистинско задоволство да се доживее во улога на домаќинка, исклучително педантна, организирана и ангажирана во семејството. Неа во чистењето и помага една жена, но главно таа средува се, дури и не легнува ако се не е на свое место.

Студиото во кое снимаат им е на подземниот кат, каде има и студио за нивната ќерка и нејзините ударни инструменти. Деа Аделина, сега веќе академска перкусионистка со диплома стекната во Холандија, на тапани свири, растура. За списанието “Шило”, каде своевремено е објавен овој текст, Плевнеш откриваат доста интересни моменти од нивниот живот, а Силви новинарската екипа ја почестила со ликер од овошни зрнца, кој сама го направи.

“Ние со овие четири раце, докажавме дека и во Македонија е возможно добро да се спечали и заработи. Од 1986 година сме заедно и цело време имаме турнеи, настапи”, објаснува Влатко. Силви вели дека понекогаш им се случувало да имаат по три свирки на ден и затоа Влатко купил две озвучувања, да не го мести истото, да губи време. По традиција често одат во Германија. Братот на Силви, Бобан Мучиќ, пред неколку години им организирал концерт во музејот Кланбруке, во германскиот град Ахен, каде одржале рецитал, а и имале концерт во градот Келзенкирхен.

     Фото: Јованка Гроздановска

Силви сама ја напиша песната “Не сакам крај”, нејзина музика и текст, а аранжманот е на Влатко. Песната е, на еден начин, биографска. Спот тогаш снимија со Питер Џон Босе, Холанѓанец кој порано има настапувано на “Макфест”. Освен по многуте песни, хитови и антологиската “Ангели ме носат”, Силви ќе остане запаметена и како една од најуспешите Коштани било кога одиграни во Македонија. Мјузиклот беше поставен во Домот на културата “Антон Панов” во Струмица, заедно со актерот Илија Струмениковски, и потоа и во Кумановскиот театар, и двата пати во режија на Душан Наумовски. Костимите, вториот пат, беа креирани од Елена Дончева. Сите песни од Коштана се ставени на албум, а за прв пат на албум се ставени и монолозите на Митке (главниот лик) и на Коштана. Силви посебно е врзана за Коштана, бидејќи и сама потекнува од Врање, од каде доаѓа и легендата за Коштана, а инаку Влатко е од Охрид. Таа поради своето ромско потекло е многу активна во одржување на програми со кои ромските деца треба да се социјализираат во македонското општество.

Утревечер 27-ми декември имаат мјузикл “Ромален” во Дом на Арм со почеток од 20 часот. Билети се уште се продаваат онлајн и во Купи карти за се, Југотон, Розе Веро 2 и пред почетокот во Дом на Арм.

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com