Горан Милошоски: Однапред знам кој ќе победи на “МелФест талент шоу: Ѕвезда број 1”

Познатиот македонски композитор, продуцент и музичар Горан Милошески ексклузивно за музичкиот портал Музика24 вели дека однапред го знае победникот на музичкото тв шоу “Мел Фест талент шоу: Ѕвезда број 1”, кое што се емитува на 1 ТВ, и дека сето ова што организаторите на ова музичко телент шоу го прават е само промашена инвестиција.

“Шоуто што моментално се емитува на 1 ТВ е бледа трага од “МелФест”. Нешто што многу касно го започнаа, според мене промашена инвестиција. Промашени луѓе, луѓе кои не се компетентни на чело со прилепчанецот Пецо, кој што го води сето тоа и кој што го запусти “МелФест”, а истиот тој “МелФест” пред 24-25 години јас го започнав, јас му го дадов, јас ги праев тие аранжмани и ги подготвував децата да го потсетам. За прв пат пропеа таму и Елена Петреска, која што јас ја запишав во средното музичко училиште, плачеше инаку учеше во средното индустриско во Прилеп, поради нејзината мајка која работеше кај мене. Тој фестивал го оставив во наследство кога заминав од Прилеп да живеам во Скопје, на луѓе мислејќи дека ќе го направат. Тој фестивал работеше до оној момент се додека покоен Трајковски му даде многу големи пари и Македонска телевизија го снимаше. Одтогаш го снема. Фестивалот траеше се додека на чело стоеше Златко Црвенкоски, еден прекрасен музичар, што знаеше што да селектира и прави. И фестивалот сега го враќаат во живот, но ова е веќе промашен случај”, вели за музичкиот портал Горан Милошески и додава:

“Ја поздравувам 1 ТВ со сите маки да нешто извади, но со таква неорганизација не може ништо. Екипата која што го работи тој фестивал, не е ни компететна ни стручна. Жалосно што поголемите спонзори, пријателите мои од Прилеп, Витаминка и Прилепска Пивара фрлаат големи пари. Навреме се тргнаа и се опаметија Зегин и Пелистерка видоа дека таму се прави нешто невкусно и неубаво, а што е тоа?! Прво прават лоши аудиции каде што децата чекаат дури и по 15 часа на аудиција, си играат со народот, со децата млади и нивните родители. Бев дел од таа екипа каде што моите ученици учествуваат и видов што се случува. Тоа е една обична игра, пред се аудицијата е правена на некоја си свадбарска опрема за по свадби, крштевки, погреби… Второ во несоодветна сала каде што нема никакви услови децата да ги водат и трето многу лоша жири-комисија која што не е компетентна да таа одлучува кој, што и како да пее. Покрај ние такви релевантни луѓе како што се Андријана Јаневска, нашата преставничка на Евровизија Тамара Тодевска, наместо такви луѓе да се стават ние ставаме нерелевантни луѓе. Познавајќи го авторот сега што го води “МелФест” Пецо, знам што ќе направи. Го знам јас него, го познавам како дише. Многу пати сум го извадил од секакви пропасти во Прилеп кога бил и еден куп пари ми должи. Ова истото што сега го прави проба да го прави пред 10 години, знае Дани пејачката, одевме заедно на турнеја. Јас во Битола си заминав кога видов дека сето тоа е игра, превара. Тој истиот човек кој само сакаше да ги земе парите од спонзорите. Јас гледам дека од ова нема ништо да биде, прво е летен период никој нема да ги гледа, второ сето тоа го прават во студио каде нема никакви услови. Јас 1 ТВ ја поздравувам, сакаат но немаат екипа, немаат добар продуцент за да го изведат сето тоа. Јас еден мој ученик, пејач го тргнав да не пее. Со Дамјан работам веќе 5 години. Јас сум куќа со продукција која што има зад себе големи дела, и аудио и видео продукција сме комплетна и јас можам да го направам тоа, бидејќи за разлика од нив јас имам далеку поголема опрема него ли тие што можат да направат. И ова знам дека ќе биде обична перална ништо повеќе. 1 ТВ ги вади само од калта ништо повеќе. И не очекувам никаков успех, жал ми е за децата млади што пејат, има добри имиња. Но таму само ќе се избрукаат пошто нема да има гледаност сега летово. Никој нема да го гледа тоа, сите заминуваат на одмори децата се на расупуст и тоа е тоа”, вели Милошески во врска со ова музичко тв шоу.

На прашање од наша страна, дали тој смета и дали има сознание дека целото ова тв талент шоу, однапред се знае кој ќе победи и ќе ја добие главната награда, која сепак и не е мала, Милошоски на тоа ни одговори:

“Да, верувам дека тоа е така. Дури веќе и знам за кого се работи да не откривам за која личност станува збор. Само накратко ќе кажам, фамилијарно тие се пејачи, да не откривам повеќе. Се работи за родители кои што имаат многу пари… итн. За толку краток период ти некому да дадеш стан а да нема гледаност, сепак тоа се пари еден стан чини од 20.000 до 50.000 илјади евра. Тој што ќе го додели станот сигурно ќе го даде на некој свој, тоа е исто како ќерка ми јас да ја земам да пее и да и доделам награда. Сето ова е една обична фарса. Тотален непрофесионализам. Без разлика што водителите се трудат на направат да биде шоу, тоа не може да биде шоу, затоа што организацијата е буквално без критериум. Ако малку луѓето гледаат како другите тоа го прават, еве ќе ги земеме пример Гранд од соседна Србија, веќе се работи за професионализам, а ова е блиску, најблиску до аматеризам од страна на организаторот”, одговори познатиот македонски музичар, продуцент и композитор Горан Милошески.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.