Музика на кирилица

„Охрид фест“: Мирослав Рус, добитник на наградата за промоција на музика на Балканот

Mирослав Рус, годинешниот добитник на наградата за промоција на музика на Балканот, што „Охрид-фест“ традиционално ја доделува секоја година, е еден од најплодните автори од Хрватска чии што песни одамна ги поминале границите на неговата земја. Скоро и да не постои пејач со кого овој музичар не соработувал: Здравко Чолиќ, Жељко Бебек, Мишо Ковач, Нина Бадриќ, Црвена јабука, Калиопи, Масимо, Тони Цетински, Нови Фосили, Тајчи.., и секако Тоше Проески. Албумот „Игри без граници“ е најмоќната и најсилната симбиоза на музиката, текстот и гласот.

Годинава „Охрид фест“ ви доделува награда за промоција на музиката на Балканот. Колку ве изненади веста за ова признание?

-Пред се, би се заблагодарил на организаторот за наградата која ми дава сила да истраам по немирниот пат на создавањето, ама и ми разбудува многу сеќавања на земјата од која доаѓаат луѓе кои оставија длабока трага во мојот живот. Самиот Балкан по политички пат спојувал и раздвојувал, но со нашиот музички јазик, живеел само во спојувањата.

Нераскинливо сте поврзани со Македонија, ја познавате тагата и радоста на југот. Која е вашата прва асоцијација кога ќе се спомене Македонија? И дали наскоро планирате да ни дојдете?

-Има толку многу работи, неможат ниту да се набројат. Понекогаш ми се присторува дека сите ве познавам. Поврзан сум со многу колеги од музичкиот живот, од мојата драга Калиопи па понатаму- со луѓето од духовниот свет, политичари, обичните луѓе… Ја познавам и вашата традиционална музика на која и нема рамна на Балканот, кујната ја обожавам а ја вкусив и срдечноста што ве краси. Сепак, мојата прва асоцијација беше и остана мојата најголема радост во создавањето и една од најголемите таги во животот, Тоше Проески. И, дали ќе ви дојдам? Па јас никогаш и не заминав одкај вас.

Фото: Hit produkcija

Можеби ќе ве интересира: