Организаторите на настани од понеделник на протести

Компаниите што работат во секторот организација на настани (организатори, изнајмување на опрема за озвучување, осветлување и сценска опрема, видео и аудио продукции како и техничка поддршка на настаните) од понеделник најавија протести, бидејќи како што велат се доведени до тотален колапс.

Од таму информираат дека јавноста знае дека оваа дејност е затворена повеќе од 1 година и дека сите се сведоци дека нема јавни настани, концерти, и други случувања каде има масовно собирање. Ниту пак, со оглед на состојбата со пандемијата, има надеж дека наскоро ќе можат да работат.

“Но, исто така јавноста треба да знае дека овие компании добија нула денари помош од државата. И покрај сите наши барања, дописи, молби за помош, Владата остана глува, а ние невидливи во сопствената држава. Од друга страна, сведоци сме дека некои други сектори повеќепати беа помогнати со грантови и друга помош. Но, според официјалната статистика на Централниот регистар, нашиот сектор има пад на промет од 62,103 отсто за 2020 година и тоа е можеби највисокиот пад споредено со другите индустрии”, велат од Асоцијација ИВАП.

Од ИВАП велат дека цела година трпеливо чекале Владата да го препознае нивниот сектор и да ги согледа загубите, не правеле скриени и тајни настани, не го загрозувале јавното здравје, но заради нивната конструктивност, го загрозиле опстанокот на нивните фирми.

“Веќе немаме што да изгубиме, приморани сме нашите права да ги бараме на поинаков начин! Од понеделник излегуваме на улица. До сега бевме тивки, но не натераа да станеме гласни! Ќе останеме на улица се додека не ја добиеме помошта што ја бараме и која ја заслужуваме. Ги повикуваме сите колеги кои работат во овој сектор како и сите други придружни дејности без кои нашата индустрија не може да постои да ни се приклучат. Не сме многу, но нема да дозволиме да останеме невидливи”, велат од ИВАП.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com