“Овој живот убав е” наскоро ќе ја доживее својата промоција (Фото+Видео)

Неодамна познатата македонска фолк дива Елена Велевска, ексклузивно во естрадниот магазин “Backstage” проговори за новата песна и видео спот чија промоција се очекува наскоро. Таа говореше за музичката кариера, за она што го планира во идниот период, но, проговори и за приватниот живот, знајќи дека таа изминатиот период живее без своите деца, а која е вистината за сето случување Велевска ќе рече:

“Мене најбитно ми е да ми се живи и здрави децата, да ми растат во здрава и мирна средина, за разлика од она што беше во нашиот дом. Така да се е во нивни интерес. Никогаш не сум правела проблем. Битно е да имаме напредок за тие деца и мене старателството не ми е одземено, јас секогаш ќе им бидам мајка, но, овој период децата се во Охрид и летниов период се со мене… сега ќе заминеме во Турција на одмор заедно со мојата сестра и со мојата внука, се надевам дека ќе си поминеме незаборавно како што минатата година поминавме. Воопшто не е битно да се тепаме за нешто што е наше, барем така јас размислувам. Но ете, треба да се најде една мирна солуција за тие деца да бидат понатаму здрави личности и успешни на мама”, изјави Велевска за “Backstage”.

Имено, станува збор за песна која го носи насловот “Овој живот убав е”, на која работеа Артан Кастрати кој го подготви аранжманот и Орце Зафировски кој го напиша текстот. За инструменталниот дел беа задолжени Мишел Трајковски на хармоника и Ферчо Мустафов на сакс. Песната е во без ритам нешто кое што долго време се очекуваше од Велевска.

Режисер на видеото е Александар Ристовски – Принц, стајлингот е на Розе Трајчевска, а за мајкапот беше задолжена Зорица. Видеото кое што раскажува интересна приказна би требало да се промовира во септември.

Покрај тоа што Велевска говореше за новата песна и видео, спомена нешто и за приватниот живот и стави крај на чаршиските муабети, и воедно, со ова интервју става крај на темата развод, поранешен сопруг, деца…

А што тоа друго кажа и изјави фолк дивата, со задоволство ви предлагаме да го погледнете прилогот во продолжение:

Подготви: Марија Поповска

Видео: Backstage

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com