Пајак го оддржа својот прв концерт пред македонската публика (Фото)

И не би биле музички портал ако не сме секаде, секогаш и за секоја урбана, квалитетна и одлична забава, концерт… или како сакате наречете ги сите музички настани кои за наша среќа се случуваат летово во Македонија. Но да почнеме од почеток…

На самиот почеток од викендот, односно, петок вечерта во Охрид во местото наречено “Долни Сарај” се оддржа долго очекуваниот и најавуван концерт на Пајак или Христијан Настески кој од неодамна е ексклузивец на една од подобрите и професионални продукции кај нас “Урбан Рекордс”. И како млад и нов на македонската музичка сцена можеби на сите нам ни беше чудно што за толку брзо време од неговото појавување го одржува својот прв концерт, но, со оглед на тоа дека после се она што го поминавме изминатите месеци македонската публика е едноставно желна за музички настани, концерти, забави… па на крајот на краиштата и лето е, нели.

Како што и беше најавено, концертот започна според сите веќе предвидени и најавени протоколи. А после неговото излегување на сцената, веќе ништо не беше како претходно. Публиката го пречека со голем и громогласен аплаус, а и довикување и извикување на неговото име.

“Крај”, “DarkSide”, “Мама”, “Hellboy”, “Ноќва”, најновата “Бебе”… беа само дел од песните кој што Пајак ги отпеа на сцената пред публиката и своите фанови. Иако концертот можеби беше релативно краток, сепак, за прв концерт пред многубројна публика во време на корона, и повеќе од одлично и успешно постигната цел.

Дали поради многубројните обврски или не, неуспеавме предконцертно да добиеме одговор на дел од нашите поставени прашања, но се надеваме дека идниот период Пајак ќе не угости во Охрид и дека наскоро на музичкиот портал се она што не сте го знаеле за него и се она што можеби би сакале да го прашате, ќе имате можност да го прочитете токму тука на музичкиот портал Музика24.

Подготви: Иван Јосимовски

Фото: YouTube/GP/UrbanRecords

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.