Пајак знае да пее, ама не знае да зборува со новинари

Веќе сите многу добро знаат дека Музика24 (за жал или за среќа) е единствениот македонски музички портал кој што работи и делува во Македонија. Функционираме веќе 10 години, и годинава прославуваме една деценија од нашето постоење што самото тоа кажува колку, на кој начин и зошто сме толку сериозни, селективни и пред се професионални. А нели, кога некој е професионалец, сака и има желба да работи и соработува со професионалци.

Христијан Настевски или момчето кое што почна да го препознаваат преку YouTube по прекарот Пајак, зад себе веќе има неколку песни кои рака на срце имаат многу прегледи, но и тоа е релативна работа, затоа што тој засега ја интригира само младата тинејџерска публика. Но, што правиме со оние повозрасните кои не слушаат ваква музика и никогаш не чуле за овој артист, кои само одмавнуваат и велат: Добар е дечкото, но не слушам ваква музика!

Од стартувањето на неговата кариера (ваква или онаква), и покрај тоа што на некој начин е сеуште анонимус, затоа што досега не дал ниту едно официјално телевизиско или радио интервју, Музика24 го поддржа и редовно пишуваше и известуваше за неговите песни и настапи, пишувавме и за таканаречениот прв концерт кој што го одржа за време на корона кризата во Македонија (за кој би можеле да напишеме посебна сторија)… и сето тоа го правевме во соработка со неговата матична продукција Урбан Рекордс со која досега одлично соработуваме. Се разбира понекогаш самоиницијативно сме иницирале промоција на млади таленти како би ги подржале во нивната намера да создаваат квалитетна македонска музика.

Но да се вратиме на концертот кој се случи во Охрид. Пред неговото одржување како единствен музички медиум од нашата држава се обидовме да стапиме во контакт со Христијан и да направиме интервју за неговите фанови и сите оние кој на овој или оној начин го слушаат и ја сакаат неговата музика. Но, од продукцијата ни беше кажано дека тој е сеуште млад и не е подготвен за интервју со медиумите.

Не сфакам!? Ако сега кога е најпопуларен, не е способен и не знае, или не сака да дава интервјуа за медиумите, се прашувам кога Христијан ќе биде способен тоа да го направи?!

На нашето упорно пишување и желба да направиме интервју добивме само изговор дека тој е премногу млад за сето тоа и дека кога ќе дојде време ќе почне да дава интевјуа, со прости зборови, дечкото не знае како да направи интервју!?

Но, денес на YouTube на каналот на македонскиот ЈуТубер Лазаров во 18 часот излезе видео со младиот артист каде тие заедно се возат низ Охрид, пејат, си разговараат или поточно, прават интервју.

Очигледно Урбан Рекордс и Христијан прават селекција каде и кога ќе се појават, што искрено не е професионално, ниту етички, а не е ни фер. Сепак едно знаеме дека после ова интерву музичкиот портал Музика24 нема повеќе да информира и пишува за активностите и се она што е поврзано со Христијан Настевски – Пајак.

За крај ќе ве потсетиме на онаа старата македонска: “Кој високо лета, ниско паѓа”.

Иван Јосимовски, Главен и одговрен уредник на Музика24

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com