Музика на кирилица

По петти пат во МКЦ „Skopje Vinyl Convention“ (Фото)

Денес во Младинскиот културен центар во Скопје со почеток во 13 часот стартуваше петото издание на „Skopje Vinyl Convention“. Настан кој што е инспириран од и посветен на сите колекционери и љубители на винили, а во организација на Funky Fresh. Целодневната програма вклучува над 20 дилери на плочи од земјата и регионот, неколку премиери на нови винил изданија и настап на повеќе од 20 локални музичари. Важно за сите љубители, влезот е слободен.

“Примарната цел е да се сплотат сите љубители и колекционери и да им се даде простор на локалните диџеи да ги покажат своите плочи и умешноста стекната изминатиов период. Оваа година ќе има повеќе изложувачи и дилери и секако одлична музичка програма”, велат организаторите.

„Skopje Vinyl Convention“ годинава се реализира согласно актуелните Ковид протоколи за организирање настани на отворен простор.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: