Почина Ѓорги Желчески, пејачот од дуото Селимова-Желчески

Фолк пејачот Ѓорѓи Желчески почина денес во Белград на 82 години. Тој беше дел од дуото Селимова-Желчески, откако во текот на долгогодишната кариера најчесто настапуваше заедно со својата сопруга Кевсер Селимова.

Желчески е роден во Прилеп во 1938 година, но долги години живее во Белград, Србија. Сопругата Кевсер Селимова ја запознал на концерт во Титово Ужице во 1959 година, а после две години почнаа да настапуваат заедно. Дуото беше препознатливо по своите изведби на познатите песни: “Елено, ќерко”, “Бело лице љубам јас”, “Брала мома капини”… итн.

Повеќе на Музика24...