Погледнете: Македонската артистка Ајана со нова песна и видеоспот (Видео)

Дали и со новата “Топ на листа” на Ајана ќе биде прва на нашите македонски топ листи како што тоа беше случај со нејзината прва песна со која се лансираше “Не ме моли”, останува да видиме. Она што можеме да заклучиме е дека синооката Ајана изгледа и се однесува многу попрофесионално во овој нов проект.

Песната е во трап стил и овој пат Ајана се појавува како автор на текстот и музиката. Аранжманот битот и мастерингот се на Иван Јованов – Ивајо, додека пак видеоспотот го изработи режисерот Гордан Божиновски “God Eye Production”. Снимањето на спотот се пролонгираше поради целата ситуација во државата, но по одредена пауза се досними и вториот дел од спотот. Се снимаше на две локации во Скопје и во теретаната на Хотел “Парк”.

На кого Ајана на мегафон им довикува дека е прва на топ листа… дознајте од видеото во продолжение, кое се промовиташе на YouTube каналот на “Urban Records”.

Повеќе на Музика24...