“Полетај” – доказ дека ако нешто вистински се сака, тогаш ништо не е невозможно (Видео)

Вчера вечер македонската музичка сцена се збогати за уште една нова песна, за уште еден видео спот. Пејачката Мијата и официјално пред македонската публика го претстави своето ново музичко парче насловено “Полетај”. Станува збор за композиција која е стилски многу поразлична од се досега видено од неа, но и тема за која пејачката раскажува интересна приказна.

“Полетај” е приказна која се крчкаше и создаваше во изминативе три месеци. Се започна кога на музички фестивал во Италија кои ги собра контролорите на летање, ја слушнав оваа песна. Ја пееше една навистина интересна група од Германија. Откога авторот ми дозволи да ја препеам на македонски започна редењето на коцките”, вели Мијата и додава:

“Ова што го направивме заедно со целиот тим е само доказ дека ако нешто вистински се сака, тогаш ништо не е невозможно. Едноставно нештата се редеа сами”, вели Мијата промовирајќи ја својата нова песна.

“Полетај” е музичко дело на Ханс Греис, текстот е на Мијата, а аранжманот го направи Дамир Пух чие дело се и специфичните гитарски делници. Во видеозаписот, пак, кој е дело на Огнен Шапковски и Мелем продукција како дел од бендот учествуваат Иво Митковски на тапани, Кире Мирчовски на гитара и Ване Ѓорговски на бас. Во спотот инаку е раскажана приказна за апокалипса и спасот од неа.

Мијата во својата нова песна, чија порака е дека има надеж, секогаш има надеж за подобро утре, за надминување на проблемите, за живот со полни гради, за добра музика, каква што е новата рок песна на Мијата.

Повеќе на Музика24...