Музика на кирилица

Поп пејачот Влатко Илиевски вчера вечер пронајден мртов

Македонскиот пејач Влатко Илиевски вчера бил пронајден мртов во неговиот автомобил во Скопје, потврдија утрово од МВР. Teлото на пејачот било најдено по анонимна дојава, синоќа во 23 часот, а засега нема информации кои се причините за смртта.

Од МВР истакнуваат дека Илиевски бил пронајден починат во возило марка “Тојота” на булеварот “Трета македонска бригада”. Неофицијално, на неговото тело не биле забележани траги на насилство.

Илиевски со години беше дел од групата “Морал”. Во 2011-та година, со песната “Русинка”, ја претставуваше Македонија на евровизиската сцена.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: