После долги години и Македонија со свое музичко талент шоу (Видео)

Конечно после долго време, музичките таленти од нашата земја ќе имаат можност да се престават и да го покажат својот талент пред наша публика, на голема сцена. Неодамна продуцентот Бане Поповиќ и пејачката Елена Петреска како преставник на тимот на „Мел Фест“, се споија со заедничка цел, ново музичко талент шоу “Ѕвезда број 1” кое освен што ќе биде одлична поддршка за сите идни музички таленти, ќе значи и раздвижување на целата наша музичка сцена, но и вистински македонски производ во вистинско време.

Ако сте талентирани и имате желба да застанете на голема сцена, ова е шанса да го покажете својот талент и да станете “Ѕвезда број 1”. Аудициите веќе започнаа од минатиот викенд во Гевгелија, Струмица, Кавадарци и Штип. Кандидатите ќе пеат по една македонска и една странска песна, а ние ќе бидеме во тек со се што ќе се случува.

Сите информации за аудициите можете да ги најдете на Фејсбук страната: Ѕвезда број 1 Талент шоу, додека пак целото шоу ќе биде емитувано на Телевизија1, каде што секој ден од понеделник до петок ќе има 30-минутни емисии во чии рамки ќе бидат претставени кандидатите од сите градови. Потоа ќе следат и емисиите на големата сцена во кои ќе се натреваруваат кандидатите што ќе ја поминат првата селекција.

Голема емисија ќе се емитува секоја седмица во времетраење од два часа, а во однос на наградите за најдобрите, предвидено е десет финалисти во шоуто да добијат снимање на песна и видео за истата, а за победникот договор и снимање албум, но листата на награди сеуште не е комплетирана и следуваат многу изненадувања за финалистите.

Каде се следните аудиции кои се организираат? погледнете во продолжение:

https://www.facebook.com/zvezdabrojeden/videos/1125936850917794/?epa=SEARCH_BOX

Повеќе на Музика24...