После „Македонисимо“, напролет уште еден албум на Симон Трпчески

Светски познатиот македонски пијанист Симон Трпчески не мирува. После објавувањето на албумот „Македонисимо“ во август оваа година, наскоро ќе објави и албум со музика на Шостакович.

„Станува збор за двата концерти за пијано и оркестар што ги снимив со „Јаначек филхармони оркестра“ од Острава, Чешка, под диригентската палка на одличниот Кристијан Мачелару од Романија. Тоа е втора соработка со „Лин рекордс“, а албумот ќе излезе напролет. Значи, не мирував и продуктивно го поминав овој период“, вели маестро Трпчески за Културен печат.

Неговиот претходен албум „Македонисимо“ за жал се уште немал премиера во Македонија иако досега бил промовиран во десетина држави. Причина е што, покрај ковид-кризата, македонските културни институции воопшто немаат покажано интерес за да се изведе овој проект.

„Албумот „Македонисимо“ ја слави Македонија, македонството, културата, корените, сето она што нѐ обележува нас како народ, како идентитет, како постоење, како историја. Тоа е причината, но, јас сум човек којшто никогаш не се откажува, особено од она во што верува. „Македонисимо“ е мое чедо, бидејќи јас сум иницијаторот и нарачателот на истото и сум исклучително горд што екипата со којашто го создадовме заеднички, и музичарите и композиторот Панде Шахов, направија една историја за нашето музичко творештво. Ќе продолжам преку „Македонисимо“ да ја славам Македонија во светот додека има можности и интерес за тоа, а се надевам дека и македонската публика ќе има можност да го чуе, штом заврши оваа лудост низ светот“, додава Трпчески.

Извор: Културен печат бр.57

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com