Преставници на Асоцијацијата на ивент индустријата – ИВАП денес остварија средба со Стево Пендаровски, претседател на Република Македонија.
„На средбата информиравме за ситуацијата во која се наоѓа нашата индустрија и сите предизвици со кои се соочуваме. Потенциравме дека е неопходна брза и таргетирана помош за овој сектор, кој за жал е голем губитник од оваа криза. Претседателот изрази разбирање и загриженост за нашата ситуација и подготвеност за поддршка на нашите компании. Заклучивме дека е ова исклучитечно важен сектор кој обединува голем број на креативни гранки и дека во периодот што следи секако дека ќе биде потребна голема поддршка од страна на државата. Секако, благодарни сме на одвоеното време во овие тешки денови и се надеваме дека што поскоро ќе имаме прилика да се дружиме на некои од настаните што ќе ги организираме“, соопштија од ИВАП.