“Прилепе, мој роден крај” емотивно отпеана од групата “Милениум” од Битола (Видео)

За речиси сите градови во нашата мила Македонија има по некоја песна. Така и за еден од најубавите градови во неа постои една песна која со години наназад се пее и се пренесува од колено на колено. Познатата и популарна македонска група “Милениум” од Битола и покрај тоа што периодов поради коронавирусот и сето ова лудило немаат настапи, свирки и концерти… сепак тие и времето кое го поминуваат во карантин го поминуваат креативно и пред се продуктивно.

Тие неодамна се собраа и во домашни услови, како и сите музички имиња досега, ја преработија, отсвиреа и го отпеаа хитот посветен на градот херој, градот под Марковите кули, препознатлив по тутунот, Пивофест… и уште што не, градот Прилеп. Песната која на некој начин е химна за овој град “Прилепе, мој роден крај” од Гога Зафироски, тие на свој оргинален и емотивен начин ја донесоа и токму сега ви ја промовираме и претставуваме. Освен песната, во видеото можете да забележите исклучително прекрасни снимки снимани од дрон на самото изгрејсонце, попладне и Прилеп навечер. Снимките се дело на прилепската продукција – “Фан продукција”.

Со задоволство ви препорачуваме да уживате во следните 5 минути.

,,Прилепе граде најмил си,ти ги чуваш мојте споменинека биде вечен твојот сјајПрилепе мој роден крај,,Оваа песна е испеана од Гога Зафироски за неговиот роден град.Ни беше голема чест да ја испееме а воедно да ги поздравиме сите граѓани на Прилеп со кои сме се дружеле и ке се дружиме уште безброј пати…Посебна благодарност до Fan Produkcija-Zoran Pilata за изработката на ова видео

Gepostet von Grupa Milenium am Dienstag, 5. Mai 2020

Повеќе на Музика24...