Ремиксот за “Proud” објавен на најголемиот музички канал за deep house музика (Аудио)

Откако пред неколку недели македонскиот бенд “Cyrillic” направи ремикс на евровизиката песна “Proud”, што во Тел Авив ја пееше Тамара Тодевска, песната сега е објавена и на YouTube каналот CDeep, еден од најголемите музички канали специјализирани за deep house музика.

Ремиксот на баладата, чии автори се Дарко Димитров, Роберт Билбилов и Лазар Цветкоски, на текст на Коста Петров, звучи сосема поинаку од оригиналната песна, која заврши на првото место според гласовите на стручното жири на “Евросонг”. Фановите на deep house музиката, воодушевени од звукот ја опишуваат оваа верзија на “Proud” како “вистинско освежување” и “летен хит”. Песната за неполни 24 часа има повеќе од 19.000 прегледи на YouTube.

Освен со ремиксот на евровизиската песна на Тамара и песната “Доволни” во соработка со Валери, “Cyrillic” се актуелни со настапите секоја недела низ Македонија. Тие во моментов работат на нов материјал, а најавуваат и учество на неколку фестивали.

Повеќе на Музика24...