Сара Мејс ќе ја претставува Македонија на Светскиот ден на харфата

По повод 20-ти октомври – Светскиот ден на харфата, а во рамките на одбележувањето 300 години од создавањето на харфата, ќе се одржи онлајн концерт, каде што со свои настапи и дела ќе се претстават најдобрите харфисти од светот. Претставник од Република Македонија ќе биде нашата харфистка, композитор и пејачка, Сара Мејс под покровителство на Okxsa projects – Скопје.

„Многу сум среќна што ќе настапувам на Светскиот ден на харфата и ќе ја претставувам Македонија. Инспирирана од нашата македонска песна „Се посврши Сербез Донка“, напишав дело кое што го нареков „Donka of Macedonia“. Им благодарам многу на Okxsa Projects што ме избраа мене да ја претставувам мојата Македонија и што ме поддржаа во мојата работа“, напиша Сара на Инстаграм.

Главната цел на овој настан е да се создаде плодна почва за културолошки дијалог преку уметноста, која е потсетник за мирот и единственото на сите држави. Целта на овогодинешните изведувачи и композитори пак, е да си ги претстават своите земји преку вметнување на својата традиција во делата кои ги изведуваат и на тој начин да го запознаат светот со својот фолклор.

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com