Валентина Ѓоргиевска Парго победничка на “Канеофест 2018” (Видео)

На 30-ти јуни во Охрид, односно, во центарот на овој наш познат македонски но и балкански туристички центар, по 17-ти пат се одржа познатиот музички фестивал “Канеофест” каде на сцената се појавија познати македонски изведувачи, како и нови музички имиња. Водителка на овогодинешното издание беше прекрасната и секогаш насмена и позитивна Кристина Алексиеска. По многубројните композиции кои што жирито, но и присутната публика имаа можност да ги слушнат во ревијалниот дел се појави познатиот македонски фолк пејач Наум Бурназ кој ги отпеа своите најголеми препознатливи хитови, кои и ден денес се препејуваат од помладите генерации. Според гласовите од стручното жири, во кое што беше дел и уредникот на музичкиот портал Музика24, наградите беа поделени на следниот начин: Во фолк делот на 17-то издание на фестивалот “Канеофест” наградени беа :
  • 1 награда од жири – Петар Нечовски – “Фанче, Фанче лично охриѓанче”
  • 2 награда од жири – Амбасадор бенд – “Синот ти се жени мајко”
  • 3 награда од жири – Маја и Ружица Герасимоски – “Дали думнаш сестро”
  • 1 награда од публика – Горан симески – “Лично моме”
  • 2 награда од публика – Маја Ќировска – “Станвај ќерко”
  • 3 награда од публика – Славица Стевовска – “Чочек чифтек”
Најдобар текст: Здравко Кузески за песната “Чочек Чифтек” Најдобар сценски настап: Драганче Митрески – “Нема прави мажи” Најдобар аранжман: Дејан Митровски за песната “Синот ти се жени мајко” во изведба на Амбасадор бенд Во поп делот на 17-то издание на фестивалот “Канеофест” наградени беа:
  • 1 награда од жири – Љупчо Јошевски – “На срце ми остави потпис”
  • 2 награда од жири – Божидар Николовски – “Да си моја”
  • 3 награда од жири – Петар Нечовски – “Бакнувај ме-израдувај ме”
1 награда од публика – Славчо Спироски Слав – “Времето мине останува спомен” 2 награда од публика – Дејан Добревски – “Без тебе јас сум нула” 3 награда од публика – Ице Панов – “Буби” Најдобар аранжман: Мими Марковски за песната “Да си моја” која ја изведе Божидар Николовски Најдобар текст: Цане Трајчевски – “На срце ми остави потпис” која ја изведе Љупчо Јошевски Гран При наградата на овогодинешното 17-то издание на “Канеофест” во Охрид и беше доделена на познатата пејачка и новинарка Валентина Ѓоргиевска – Парго, која пред присутната публика и жири комисијата ја отпеа нејзината “Тајна љубов”,  песната е дело на Ристо Апостолов од групата “Водолија”, додека за текстот се погрижи Цане Трајчевски. Во продолжение ви предлагаме да го погледнете настапот на Парго на “Канеофест 2018”.
Валентина Ѓоргиевска Парго – "Љубов тајна"

Валентина Ѓоргиевска Парго – "Тајна љубов"Гран-При награда на музичкиот фестивал "Канеофест 2018"

Gepostet von MUZIKA24.MK am Montag, 2. Juli 2018
Подготви: Иван Јосимовски
Повеќе на Музика24...