Симона Поповска ја промовираше новата песна “Ти си моја победа”

Познатата и се повеќе популарна и барана поп пејачка Симона Поповска, деновиве ја промовираше нејзината најнова песна “Ти си моја победа”, за која што како што дознава музичкиот портал Музика24, викендов ќе се снима и видео спот, а истиот ќе биде готов и промовиран за десетина дена. Комплетен автор на новата песна е Роберт Билбилов, а истата ќе е во сосема поразличен стил од сите осегашни песни на оваа млада и убава пејачка. Во меѓувреме, Симона ја промовира песната и во живо на своите свирки, а настапува со познатиот диџеј Ерик Фокс под името “Саунд месинџерс”. Подготви: Иван Јосимовски
Повеќе на Музика24...