“Синтезис” на есен во Австралија

Познатата македонската етно група “Синтезис” оваа есен ќе одржат два концерти во Австралија. На 21-ви ноември “Синтезис” ќе настапат во “The factory theatre” во Сиднеј, а два дена подоцна и во Мелбурн. Концертот во Мелбурн на 23-ти ноември ќе се одржи во “Thornbury theatre”.

“Синтезис” го комбинира наследството од македонската народна музика со модерни аранжмани, преку користење на широк спектар оригинални македонски инструменти, како кавал, гајда, зурла, тапан, тарабука и тамбура. Тие истовремено се најизвезуваниот македонски музички проект во светот.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.