Музика на кирилица

Скандалозно: Костадин Костадиновски ги цензурира текстовите во кои се опева македонската историја (Видео)

На неодамна одржаниот музички фестивал “Филиграни” настапија голем број на познати македонски, но и балкански музички имиња. Едно од нив беше и познатиот босански фолк пејач Хако Обиќ, кој настапи со песната “Кралицата Есма” во која ја опеа ромската кралица од Македонија Есма и нејзиниот вонсериски талент, но и нејзината љубов и сплотеност со својата родна земја.

Имено авторот пишувајќи ја оваа песна ја допрел суштината и историските факти што ја симболизираат нашата земја, но за да биде иронијата уште поголема нему му се сугерирало токму од наша страна да ја промени првичната верзија на текстот па така добивме ексклузивна изјава од самиот интерпретатор кој за нашиот музички портал Музика24 откри интересни подробности што малкумина ги знаат.

Меѓу другото тој децидно потврди дека од страна на уметничкиот директор Костадин Костадиновски му било кажано оргиналната верзија на песната посветена на нашата легенда Есма Теодосиевска да ја промени и поради политички причини и реакција од страна на нашиот северен сосед-Грција да го промени текстот на песната, што секако е недозволиво мешање на авторот и неговите авторски права.

Музика24: Самите велите дека има оргинална верзија на песната која некој Ви ја забранил. Дали можете да ни откриете која е личноста која што Ви кажа дека со таа оргинална верзија не можете да настапите на “Филиграни” и која беше причината што Вам Ви беше наведена?

Хако Обич: Не ми дозволија да настапам со оргиналната верзија поради тоа што во самата песна се споменува Александрова Македонија и знамето од Вергина. Јас не се плашам од никого и ќе Ви откријам дека тоа ми го кажа Г-нот уметнички директор Костадин Костадиновски кој што ми напомена дека доколку не го променам текстот нема да настапам на фестивалот. Причината беше дека би имало реакции од страна на Грција и поради тоа би било пожелно да се смени самиот текст. Но јас и покрај тоа што на фестивалот во Скопје ја пеев втората верзија на песната, јас за оргиналот ќе снимам и видео спот во Скопје и истиот ќе го промовирам исто во Вашата метропола кога ќе дојде ден за тоа.

А за полесно да ја направите разликата од оргиналната верзија до онаа втората, прочитајте го текстот на песната:

Оргинална верзија “Кралицата Есма”

Како деца растевме со нејзината песна,
цел Балкан ја сакаше Есма.
Македонско девојче убава ко цвет,
со својата песна освои бел свет.

Есма, Есма кралице најдобра си била,
твојата песна никогаш не умира.
За тебе слушна светот,
за преубава земја,
та Александрова Македонија.

Чајорије, шукарија, стевовата песна
во вечност со неа замина Есма.
Македонското знаме сонце од Вергина,
гордо го крена Есма во висина.

Втора верзија “Кралицата Есма” изведена на фестивалот “Филиграни”

Како деца растевме со нејзината песна,
цел Балкан ја сакаше Есма.
Македонско девојче убава ко цвет,
со својата песна освои бел свет.

Есма, Есма кралице најдобра си била,
твојата песна никогаш не умира.
За тебе слушна светот,
за преубава земја,
нашата Македонија.

Чајорије, шукарија, стевовата песна
во вечност со неа замина Есма.
Македонското знаме со златна боја,
гордо го стегна со душата своја.

Од приложените верзии јасно е дека станува збор за национална и историска самоцензура која ја наметна политиката што се вмеша во сите свери на нашето живеење, па така дозволивме да ни се случуваат вакви апсурди во кои соседите со кои некогаш живеевме во иста држава и кои обично ни ги знаат историските факти да ги корегираме и замолуваме за цензура.

Овој своевиден преседан кој го наметна преспанскиот договор и политичкиот дил со Грција и Бугарија уште еднаш ја потврдува личната саботажа што како народ и држава си дозволивме да ни се случи… После ваквото обезличување на нашиот народ и држава ни останува само да се прекрсиме.

Во продолжение погледнете го настапот на босанскиот пејач Хако Обиќ на фестивалот “Филиграни”:

Можеби ќе ве интересира: