Музика на кирилица

Скопски џез фестивал ја додели награда “Златен орикс” на младиот џез уметник Иван Петровски

Гитаристот Иван Петровски е годинашниот добитник на наградата “Златен орикс”, што Скопски џез фестивал ја доделува на најдобар млад џез уметник во соработка со „Катар ервејс“. Тој ќе ја прими наградата вечерва, на сцената на Македонската опера и балет, во текот на последниот ден од 39-от Скопски џез фестивал.

Дваесет и седумгодишниот Петровски е самоук гитарист и почнал да свири на 12 години. Тој е дипломиран аранжер на Факултетот за музичка уметност во Скопје и се занимава со пишување и аранжирање песни од поп и класична музика. Досега има снимено шест албуми како гитарист на групите „ДСХ“, „3џект“, „Музаик“ и „Хајрграунд“.

Претходни добитници на оваа награда се тапанарот Виктор Филиповски, клавијатуристот и пијанист Филип Димишковски и басистката Андреа Мирческа.

Можеби ќе ве интересира: