Слаткаристика во свој стил ја препеа македонската народна песна “Распукала Шар Планина” (Видео)

Еден од најпознатите македонски хип-хоп артисти овој месец го започна со промоција на неговата најнова песна “Распукала Шар Планина”. Оваа песна претставува спој на традиционалното, старо и исконско и новото реално време, она што сакале или не сите нам ни се случува, па дури и самиот Слаткар пушта солза-два на крајот од видеото.

Тој за оваа старо-нова песна вели дека ќе биде хит и дека конечно е време македонската музика да се реновира и модернизира, нагласувајќи дека оваа песна за новата генерација е тотално непозната, но дека во идниот период истата ќе биде нивна химна. Меѓудругото додава дека оваа песна го потсетува на детството и дека одамна сакал да направи ваков спој на музика.

Од вчерашната YouTube промоција до овој момент, за само ден и половина видеоспотот чиј режисер е Крсте Шупев, е погледнат 61.128 пати. Истиот е снимен и реализиран во Македонија.

А за што поточно станува збор, и дали и вие за момент би се пронашле во стиховите во новата песна, погледнете и слушнете во продолжение:

Изјавата е дадена за интернет порталот: Репортер.мк

Повеќе на Музика24...