СКАНДАЛ: Силјаноски не седел во изолација и криел контакти од епидемиолозите

Фолк пејачот Спасен Силјаноски за кои вчера известувавме дека е позитивен на Ковид-19, не ја почитувал мерката на самоизолација и криел контакти во епидемиолошката анкета, пренесува Фокус.

Имено Силјаноски не им кажал на своите колеги и пријатели дека му е земен брис за тестирање, и наместо во самоизолација до добивање на резултатите, тој по првите симптоми и земањето брис се дружел со свои колеги од естрадата. Тој на 21-ти јуни ненајавен се појавил на снимање на концерт а претходниот ден на 19-ти јуни бил тестиран за Корона вирус.

Според одредбите сите лица на кои им се зема брис имаат законска обврска да останат во изолација до добивање на резултатот.  Уште поскандалозно е тоа дека Сиљаноски не пријавил дека имал средба со своите колеги туку кажал дека имал контакт само со девет лица од неговата фамилија.

Од ЦЈЗ – Битола ги потврдија информациите за Фокус и потенцираат дека имаат писмени докази дека тестирањето е извршено на 19-ти јуни во Прилеп по барање на Силјаноски преку матичниот лекар а после благо покачена температура.

Извор: Фокус

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.