Суперхикс снимија видеоспот за песната “Ана” (Фото+Видео)

Суперхикс снимија нов музички спот за песната “Ана”. Во спотот тие се восочни фигури, комплетно прекриени со пајажини, заборавени од сите и оставени на забот на времето. Но, момците оживуваат благодарејќи на една Ана која што ја глуми Сара Анастасовска. Ана вози велосипед и продава букети цвеќиња на минувачите пред излогот каде што се поставени восочните фигури. Спотот е позитивен и разигран, а текстот певлив и инспиративен. Несомнено, ова е нов хит на легендарната музичка група.

Целосната замисла на концептот за спотот е на Суперхикс, а е во продукција на “Фокус Покус Филмс”. Сценографијата е на Вања Бартлинг, со асистенција на Андреј Бартлинг, Димитар Јакимовски, Александра Петкова, Симо Бранов, Борис Минов. Костимографијата е на Жаклина Крстевска, а шминката која што ги долови восочните лица на членовите на Суперхикс е на Златица Поповска.

Режијата и монтажата на видеото е на Благоја Неделковски, како кинематографер се појавува Димо Попов М.А.К., а асистент на камера е Раде Гогоски. За светлото се погрижија Тоде Ивановски и Александар Бошев (Про Лајт), а целосната организација е на Никола Христовски и Методија Лазаревски. Големи благодарности упатија до Никола од Ван Гог за учеството, идеите и мотивацијата кои што придонеле за успех на проектот.

Повеќе на Музика24...