Суперхикс со новото видео и сингл “Модерна љубов” се враќаат назад кон корените (Видео)

Суперхикс на 3-ти март во Младинскиот културен центар во Скопје, на свој начин ќе прослават 25 години од својот прв настап во некогашниот Доорс во Дебар Маало, Скопје. Банда инструментале на истиот ден, 3-ти март, во 1994 година за прв пат го размрдаа Скопје.

Тие во целото свое постоење се поклонуваат на специфичниот ритам и музика кои го исполнуваат секој кој ќе ги слушне “Раде”, “Африка”, “Глупави песни”… и многуте други. Својот раст и својот развој, задржувајќи го тоа што секогаш ги прави тоа што се, Суперхикс го негуваат и во “Модерна љубов”, сингл чие видео излезе пред само неколку дена, а во продолжение можете да го погледнете на нашиот музички портал.

Видеото и песната “Модерна љубов” се снимени во студиото “Тра ла ла” на Мите Димовски од Скопје и за прв пат како редовен и нов член на бендот учествува и Стефан Алексовски на клавијатури. Суперхикс се враќаат верни на својот стил и посветени на музиката пред својата 25 годишнина. Картите за настапот во МКЦ се на работ на распродавање и за тие кои што сакаат да го почувстуваат тоа што само Суперхикс може да го понуди немаат уште многу време.

Повеќе на Музика24...