Музика на кирилица

Сузана Гавазова се пресели во Македонија?! (Видео)

Македонската фолк пејачка Сузана Гавазова која што години наназад живее во Шведска, од каде што е и нејзиниот сопруг, заедно со својата фамилија ќе се пресели во Македонија. Таа од неодамна започна со градење на балканска кариера, често гостување на српските популарни музички тв станици и поради сите тие активности што повеќе да е активна и да работи на својата музичка балканска кариера, таа заедно со својот сопруг решија да се преселат во Скопје.

Како што дознаваме таа веќе месец и половина заедно со своето семејство живеат во нашиот главен град, а што е следно од неа, допрва ќе дознаеме. Последното нешто што Гавазова го промовираше беше песната и видео спотот “Роден за грев”, со две верзии македонска и српска, а видео спотовите беа снимани во соседна Бугарија.

Интересно е тоа што кај неа никогаш нема одмор, па така уште одсега Гавазова има закажано голема новогодишна турнеја ширум Австралија, каде се очекува освен македонци на нејзините настапи и концерти да присуствува и публика од другите балкански држави.

Можеби ќе ве интересира: