Сузана Гавазова сними одличен видеоспот во Охрид (Видео)

Македонската фолк пејачка Сузана Гавазова неодамна го промовираше нејзиниот најнов видеспот за најновата песна “Бум, бум”. Како што дознава музичкиот портал Музика24, видеоспотот е сниман на неколку препознатливи локации во балканскиот Ерусалим, како што многумина знаат да го наречат нашиот преубав Охрид. Таа на сред чаршија ја пее својата најнова песна “Бум, бум” која од прво слушање влегува во уво. Видеоспотот е во продукција на веќе докажаната ИН продукција, а што вели таа за снимањето на видеоспотот прочитајте во продолжение:

“Не сум била од минатата година во Охрид и многу ми е убаво кога ќе дојдам тука особено во зима, а дојдов по повод снимањето на спотот за една нова песна која се вика “Бум, бум”. Снимивме со ИН продукција, на неколку локации во Охрид, па мислам дека ќе им се допадне на гледачите. Се снимаше кај црквата Св.Софија, по охридската чаршија се прошетавме со музичари, зурлаџии и тапанари од Дебар, кои дојдоа специјално за ова снимање, јас им се заблагодарувам. Мислам дека беше интересно и додека се снимаше луѓето гледаа, беше атракција на некој начин. Пријатни се луѓето во Охрид, па кога се снимаше не поздравуваа, гледаа и се веселеа”, изјави Гавазова. Таа воедно сподели дека за време на снимањето на видеоспотот се одвивала одлична и весела расположена адмосфера.

Како што дознаваме оваа песна, односно музиката, потекнува од старо струмичко оро, од кое подоцна е направена песна на ромски јазик. Откако Гавазова за прв пат ја слушнала песната од прва и се допаднала и решила истата да ја сними на македонски јазик, при тоа додавајќи зурли, тапани и други македонски традиционални инструменти. Текстот за оваа песна е на Орце Зафировски, а за што поточно станува збор со задоволство ви препорачуваме да погледнете во продолжение.

ПС: За одлично видео никогаш не потребно да се патува и снима некаде далеку, далеку. Самата песна, идеја и секако реализација се тие кои што го прават видеото и она колку пати истото ќе биде погледнато.

Повеќе на Музика24...