Свет-Аустралија: Роденденски и на вселување кај Татјана и Новица (Фото)

Популарниот естрадно – брачен пар Татјана Лазаревска и Новица Василевски од како пред пет години го фрлија сидрото во Мелбурн, стрпливо го градеа своето место под сонцето и настојуваа себе и на своите синови Петар и Стефан да си обезбедат покрив над главата. Кога во тоа успееја, одлучивме намерно да ги посетиме на сред недела.

Куќата во која неодамна се вселија е сместена во тивкиот дел во населбата Мили Парк. Уште при самото влегување слушаме бруење на бушилица и лупање со чекани. Новица и нивниот куќен пријател Братислав Брацо Анџелковиќ поставуваа под на верандата позади куќата. Во тоа сесрдно им помагаше брацината сопруга Ирена која во моментот на нашето доаѓање ја успиваше ќерќичката.

На вратата не дочека домаќинката Татјана лично. Личи како професорка од некој филм. Опуштена е, без шминка, со наочари облечена во милитари фустанче кое значително ги истакнува нејзините женски атрибути. Едноставно убава е. Од кујната се појавува нејзината мајка Снежана која моментално се наоѓа на одмор кај нив. Со фризура ала Зорица Брунцлинк и со препознатливиот врањански шарм и таа се радува на нашата средба. Снежана ја превзема улогата на водич и ни објаснува како се течело при купувањето на куќата која е убава модерна и огромна, а имањето на кое се наоѓа комотно е за уште три четири куќи. Не ја крие радоста што ќерката, зетот и внучињата конечно ќе речат наша куќичка наша слободичка!

Набрзо пристигнува и брачниот пар Ристевски, познатиот доктор Џим и неговата сопруга Нада која нагалено ја викаме „докторица“. После нив доаѓаат и долгогодишните пријатели Наташа и Ѓорѓи Стаменков и фештата започнува. Дегустираме од богатото мезе со многу домашни специјалитети од вредните раце на Снежана и Татјана и со домашна ракија позната како шљивовица. Од големиот екран допираат звуците на народните ора и тоа просто тера и да се заигра. А со играта оди и песната…

Татјана добра домаќинка просто лета околу гостите и пријателите, водејќи сметка да се биде како треба. Во таа играчко – пејачка атмосфера се придружуваат и мајсторите. Следи големата торта со бројката 45. Тајчи како ние од милост ја викаме Татјана не ги крие годините. А и зошто би како што вели тоа што поминало не се враќа. На ТВ како по наредба се појавува токму нејзината песната “Среќен роденден”.

“Happy birthday to you” се слуша од сите грла. Следи бакнеж од сопругот и веселбата ја достигнува кулминацијата. Никој не размислува дека утредента е работен ден. Мракот кој одмана ја прекри населбата го разбиваат уличните светлики. Пријателите се поздравуваат и испраќаат со истата љубезност со која беа и дочекани.

Среќно вселување Василески, а на Татјана тие 45 да ги повтори уште два пати, а за потоа ќе видиме…

На гости кај популарниот македонски музички пар беше Раде Берак од интернет порталот “Свет-Аустралија” од Австралија.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.