Тамара го откажа настапот на “Пиво фест” и концертот во Охрид

Поп-пејачката Тамара Тодевска која деновиве е актуелна со скандалот со грешната изведба на химната, го откажа настапот на “Пиво фест” и концертот во Охрид.

“Почитувани, очигледната ненамерна грешка при пеењето на химната прерасна во вистински пекол за мене и моето семејство. Со оглед на тоа што не сакам да придонесувам за зголемување на нашата агонија како семејство и во интерес на смирување на целата ситуација која излезе вон контрола, решив да ги откажам концертите во Прилеп и Охрид. Се надевам дека оваа моја грешка, повторувам грешка, ќе успеете да ја надминете и дека ќе најдете начин да разберете дека е повеќе од ненамерна. Би сакала да се заблагодарам на сите што беа покрај мене во овие тешки мигови. Ниту сум била ниту ќе бидам дел од нечии политички игри, моето семејство е мој број еден приоритет и нивниот мир е на прво место при секој избор”, напиша Тамара на Facebook.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.