Тамара продолжува со настапите низ Европа

Тамара Тодевска продолжува со настапите низ Европа. Имено Тамара на 3-ти април ќе настапува во познатиот културен центар “Melkweg” во Амстердам, Холандија.

“Melkweg” е културен центар на поп културата во Амстердам, сместен е во единствената фабричка зграда покрај каналите во Амстердам. Секоја година стотици концерти, филмски проекции, театрски претстави и други настани привлекуваат над 500.000 посетители.

Тамара после настапот на Евровизија настапуваше во Шпанија, Данска, Германија, Велика Британија, Холандија, Албанија итн.

Повеќе на Музика24...