Музика на кирилица

Тамара Тодевска ќе настапи на Камен мост

Македонската поп-ѕвезда Тамара Тодевска после подолга пауза ќе настапи пред домашната публика. На 17-ти септември на Камениот пост односно плоштадот “Филип II“, Тамара ќе биде дел од манифестацијата „Звуците на чаршијата“.

Традиционалната манифестација „Звуците на чаршијата“ се одржува во старото градско јадро на Скопската чаршија. Оваа мултимедијална и мултикултурна манифестација,  има за цел да потсети на заборавената традиција, да оживее некои недоволно посетени простори на Скопје, но и да даде придонес кон континуираните активности на Градот Скопје и Културно-информативниот центар (КИЦ).

 

 

 

Можеби ќе ве интересира: