Тамара Тодевска наскоро со нов сингл “Довидување таго“

После објавувањето на втората бременост уште еден новитет кај Тамара Тодевска. Имено Тамара деновиве на грчкиот остров Амулијани го снима спотот за својот нов сингл насловен “Довидување таго“.
Како што кажа Тамара во неодамнешното гостување во емисијата “Вечер со Тијана“, автор на песната е Роберт Билбилов а истата му е посветена на нејзината ќерка Хана. „Скоро бев кај Роберт Билбилов, ми пушти песна што две години ја чувал и знаел дека кога тогаш ќе си дојдам како попче во студио и дека ќе ја испејам“.  – рече помеѓу останатото Тамара. Подготви: Филип Етмишовски
Повеќе на Музика24...