Тамара Тодевска признава: Бев убедена дека химната ја знам, но тоа не беше така

Во неодамнешно интервју на македонската поп пејачка Тамара Тодевска дадено за интернет порталот Репортер.мк, таа раскажува за тоа како и на кој начин заедно со семејството го поминале периодот за време на корона карантинот, за тоа како се чувствувала и што се доживеала како македонски претставник пред и по одењето на изборот за песна на Евровизија, а меѓудругото стана збор и за случајната или ненамерна грешка при изведбата на македонската химна за време на прославувањето на 4-ти јули минатата година, Денот на Соединетите Американски Држави.

“Факт е дека тоа беше непрофесионално од моја страна, тоа е единствената работа која што нема да си ја простам. Тоа што јас бев убедена дека химната ја знам, всушност не сум ја знаела. И два пати претходно сум ја пеела, сум ја згрешила, и сега јас не капирам дека всушност не ја знам химната, туку сум убедена дека ја знам. И излегувам и си пејам од срце и од душа и во тој момент ми отишло на нешто друго… и со текстови сум скарана цел живот имам проблеми и со свои текстови, знам да ги згрешам. Како и да е, се надевам дека со тек на време народов ќе сфати дека била ненамерна грешка и дека навистина незнам што повеќе да направам да можам да дочарам, да нацртам дека тоа не беше никаков политички договор или продажба на мојата индивидуа како артист, да се продадам да ја испеам химната погрешно”, изјави Тамара за интернет порталот Репортер.мк по повод прашањето за грешното пеење на македонската химна.

Тамара Тодевска периодов е актуелна со нејзината најнова песна “Слобода”, која како што објавивме на нашиот музички портал, истата ја има препеано и деновиве ја објави и на српски јазик.

Во продолжение, прочитајте го и погледнете го целото интервју на нашата позната македонска поп ѕвезда Тамара Тодевска на следниот линк: Искрено со Тамара: Нема да си простам што ја згрешив химната, ама мене образот ми е чист.

Подготви: Андреа Андреевиќ

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com