Таско полугол во најновиот видео спот за песната “Амнезија” (Видео)

Предконцертно Таско промовираше нова песна и видео спот. “Амнезија” е насловот на песната и е во трап стил. Текстот е на Таско, музика Cheketz Beats, миксот и мастерингот на Иван Јованов – Ивајо, додека спотот комплетно го изработи Гордан Божиновски – God Eye Production. Се снимаше во стан во Џевахир Скај Сити и на друга локација во нас.Аеродром. Изработен е во футуристички стил.

“Амнезија” минливо “затемнување” после бурна ноќ….Таско една вечер поминува со девојка, од утре и е само во нејзините спомени…Во реалноста не постои, постои само во нејзината фантазија и имагинација…

Во спотот по долна облека се појавува моделот Наташа Неделковска или позната како Таша Реј. Атрактивна девојка, голем љубител на тетоважите и можеби најтетовираната девојка во нашата земја. Едноставно ја сака уметноста на тетовирањето…Заедно со Таско се појавуваат во полуголо издание каде мамат воздишки…кај обата пола.

Повеќе на Музика24...