Тијана си замина од 1тв

Поп-пејачката Тијана Дапчевиќ си замина од телевизиската куќа 1ТВ, каде што водеше своја емисија. Тијана беше од самото отварање на телевизијата, и веќе некое време се зборува дека пукнала тиквата таму, па заради тоа и си отишла.  Тијана вели дека немало никава кавга, туку едноставно немала време да и се посвети на емисијата.

“Ма какво карање. Бог да чува. Немав време да и се посветам на емисијата, па затоа си отидов. Сакам да и се посветам на кариерата и на фамилијата. Ама никогаш не се знае, може и ќе ја работам емисијата пак”, изјави поп-пејачката Тијана, која неодамна го промовираше спотот за песната “Километри”, преработка на српски, песна која ја отпеа Влатко Лозановски.

Повеќе на Музика24...