Музика на кирилица

Травник додаден на концертната турнеја на Калиопи низ БиХ

Македонската поп-дива Калиопи Букле гo додаде и градот Травник во концертната агенда за есенската турнеја низ БиХ. Ова е второ продолжување на турнејата, а Калиопи за прв пат ќе настапи во овој град.

Ова е распоредот за турнејата: Мостар на 4-ти октомври, Сараево на 5-ти, Зеница на 6-ти, Добој 7-ми, Бања Лука на 8-ми, Тузла на 9-ти, Бјелина на 10-ти и во Брчко на 11-ти октомври. И сега најавениот концерт во Травник на 13-ти октомври.

Освен низ Бих, Калиопи ќе одржи и турнеја низ Србија.

Можеби ќе ве интересира: