“Учи ме мајко карај ме” нов музички проект на македонската група “Ритам” (Видео)

“Учи ме мајко карај ме” е новата песна, преработка на македонската група “Ритам” која што е основана пред речиси една година и активно учествува во создавањето, промовирањето и преработката на македонските народни песни. Како што вели нејзиниот основач, младиот Андреј Илиќ кој е втора година во СУГС “Никола Карев”, досега тие имаат настапено на разни музички манифестации, познати телевизиски емисии, прослави од различен крактер, а зад себе имаат и неколку снимени видео спота за дел од песните кои тие ги промовираат.

“Уште од мали нозе сакам да ја изучувам македонската народна музика и од година во година се повеќе сум посветен на истата. Со таа цел се определив за инстументот хармоника кој одлично го владеам. Исто така работам на моето постојано музичко усовршување со тоа што контуинирано посетувам часови по музичко образование, ги пратам сите современи трендови во музика, но сепак мојот фах е македонската народна музика”, вели за Музика24 младиот Андреј Илиќ.

Другиот член на групата пак, Андреј Петкоски е всушност вокалот на групата “Ритам” и тој е дел од Средното музичко училиште “Илија Николовски – Луј” во Скопје и е четврта година, матурант. Тој за нашиот музички портал изјави:

“Со музиката почнав да се занимавам од 9-то одделение кога почнав да пеам, тогаш и открив дека имам талент за пеење. Потоа се запишав во средното музичко училиште на насоката за традиционална музика и игра каде што изучувам традиционално пеење и играње и изучувам традиционални инструменти. Кога завршував прва година почнав да свирам и клавијатури, а почнав да изведувам и секаков вид на музика. Ние двајца сме стандардни членови на групата “Ритам” и секогаш сме отворени за соработка со медиумите, како и со сите наши колеги и колешки. Музиката е дел од нашиот живот и целосно не исполнува и во иднина планираме целосно да се посветиме на неа”, вели вокалот на оваа група, Андреј Петкоски.

Во оваа прилика, Ви ја промовираме нивната најнова преработка, македонската народна песна “Учи ме мајко карај ме” од познатиот македонски пејач на народна музика Александар Сариевски. Аранжманот за оваа преработка е на Андреј Илиќ, додека како вокал на истата веќе ви го претставивме младиот Андреј Петкоски. За реализацијата на аудиото за звучи онака како што звучи за погрижи К-Тим продукција.

Уживајте во изведбата на оваа македонска народна песна.

Повеќе на Музика24...