Викторија Лоба доби македонско државјанство

Македонската поп – пејачка , родена во Русија, Викторија Лоба пред неколку месеци доставила барање за стекнување државјанство за кое Владата на Република Македонија  дискутираше на својата последната седница на Владата и за кое позитивно се изјасни. -Голема чест ми е што добив државјанство и што станав граѓанин на Македонија. Ова е земјата во која што јас планирам да го поминам животот, да творам, да придонесувам – раскажува за “Фокус’’ поп – пејачката Викторија Лоба. Имено Викторија живее во Македонија од својата 8 година и ја претставуваше Македонија на “Детска Евровизија“ во 2003 година.   Подготви: Филип Етмишовски
Повеќе на Музика24...