Владата подготвува протокол за организација на концерти и фестивали летово

Потпретседателот на Владата на Република Македонија Мила Царовска во придружба на министрите за здравство и за информатичко општество и администрација, Венко Филипче и Дамјан Манчевски, како и дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ денеска во “Паркот на франкoфонијата” одржаа работен состанок со претставници од Здружението на културни работници.

На состанокот се разговараше за предлог протоколот за организација на јавни настани, вклучувајќи ги и поголемите културно-забавни манифестации во услови на коронавирусот Ковид-19.

Преставниците на Здружението истакнаа дека организацијата на настаните како што се концерти и фестивали е возможна и во услови кога светот се соочува со пандемијата, доколу истите се прават под строго утврдени протоколи за заштита на здравјето на присутните. Здружението е подготвено преку кампањи за подигање на јавната свест да ги информира граѓаните за условите под кои би се одржувале настаните.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.