Музика на кирилица

Владата прогласи тридневна жалост, сите настани откажани

Со едноминутно молчење во знак на почит кон жртвите од трагичниот пожар во модуларниот ковид-центар во болницата во Тетово, и во знак на сочувство со нивните семејства, Владата на Република Македонија на денешната вонредна седница донесе одлука да биде прогласена тридневна жалост на територијата на целата држава, соопштија владините служби.

За денови на жалост се прогласени денес, утре и задутре (четврток, петок и сабота), а за време на деновите на жалост знамето на Република Македонија ќе биде истакнато на половина копје.

Владата апелира до сите општествени чинители да ги одложат сите јавни и приватни прослави, забави, културно-уметнички и спортски настани, партиски и друг тип на промоции предвидени за овие три дена. Воедно со новите случувања, откажани се “Охрид фест”, “Skopje calling” “Битола Отворен Град”… и уште многу други музичко-забавни манифестации и настани кои беа предвидени за овие три дена.

Владата им се заблагодарува на сите држави од регионот, од Европа и од светот, за изразеното сочувство за трагичниот настан и донесе одлука да ја прифати понудата на дел од сојузничките сили во НАТО да испратат во земјата стручни лица со највисок степен на експертиза во истраги за пожари за да помогнат во утврдувањето на причините за пожарот во модуларниот ковид-центар во болницата во Тетово, нагласуваат од таму.

Можеби ќе ве интересира: