Музика на кирилица

Во кругот на семејството, колегите и пријателите Ламбе Алабаковски се ожени (Фото)

Во еден од битолските ресторани, без присуство на седмата сила, опуштено и во кругот на најблиските и одбрани колеги и пријатели нашиот популарен поп пејач Ламбе Алабаковски заедно со неговата избраничка, сега веќе негова сопруга Магдалена Јовчевска, подготвија свадбена семејна прослава. На прославата, освен битолските “Боеми”, кои беа ангажирани да ја забавуваат публиката, микрофонот го зема и Ламбе и секако не остана рамнодушен и тој да не запее некоја од своите омилени песни. Освен Ламбе, за микрофонот се фатија и Елена Ристеска, Нина Јанева…

Ламбе Алабаковски со колегите на свадбената прославаКако што велат за Музика24 дел од присутните, откако свадбената прослава започнала со омилената песна на Ламбе “Магдалена”, потоа се играло, славело, пеело се до раните утрински часови. Ламбе Алабаковски со Магдалена беа веќе неколку години во врска, откако минатата година се објави нивната свршувачка Ламбе замина на продолжен одмор во Америка каде што и живее Магдалена, а сега тие се веќе тука каде ќе уживаат во своите најубави денови. Дали и каде ќе замине среќниот пар на меден месец, тоа дополнително ќе ве информираме.

Ламбе со својата сопруга МагдаленаПодготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: