За Василица возобновени коледарски песни во Бигорскиот манастир (Видео)

Со благослов на владиката Партениј, „Чалгија Мерак“, во соработка со братството на Бигорскиот манастир, веќе подолго време работат на возобновување на коледарски песни, или каланди. Некои од нив од пред неколку години се возобновени во соработка со здружението „Бадникови поворки“, а другите за прв пат ќе се изведат во Бигорски манастир пред епископот Партениј, игумен на манастирот, на празникот посветен на св. Василиј, меѓу народот познат како Василица, кој се слави заедно со Обрезанието Господово и Новата година по Јулијански календар (01 јануари).

Интересно е што дел од овие каланди потекнуваат од Мијачкиот крај. Инаку, оваа традиција е исконска. Народот порано имал обичај да се собере на овој ден за да отпее каланди пред владиката, пред градските првенци, чорбаџиите и на тој начин да му даде важност и духовно, православно значење на големите празници.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com