Згодниот Таско на заслужен одмор (Фото+Видео)

После настапот на големиот спектакл во Охрид со Маја Беровиќ и Раста што за него го одбележа ова лето, многубројните настапи во клубовите низ државата, после промоцијата на два хит сингла – последниот “Gran Turismo”, конечно одмор и за него.

Раперот и пејач Таско во жешко издание на жешкиот песок, одмара на плажите на Халкидики. Девојки уживајте во ретките фотографии каде што Таско го сонча убаво тонираното тело. Неговиот Инстаграм профил беше преполн со несекојдневни и интересни видеа како вози скутер, како со скок во воздух и пад во вода прави салто нанапред и наназад, им се смешка од под вода и праќа бакнежи до сите негови обожавателки…

Тоа зборува и за неговата голема физичка кондиција која и те како му е потребна за неговите ангажмани и е еден одличен пример за младите како треба да се негува сопственото тело и да се води грижа за сопственото здравје. После одморот од неколку дена, следна дружба на Таско со неговите фанови е всабота во клубот “Живот е циркуз” во нас.Илинден, Скопје.

Повеќе на Музика24...