Златко Ориѓански именуван за директор на македонскиот културен центар во Тирана

Владата на Република Македонија на вчерашната седница го назначи музичарот Златко Ориѓански за прв директор на новиот Културно информативен центар на Македонија во Тирана, Албанија.

Оваа институција се формира по потпишаната реципрочна спогодба помеѓу владите на двете држави. Центарот ќе има библиотека, а ќе одржува и проекции, изложби, промоции и слично. Познато е дека Ориѓански со години настапува на предизборните кампањи на владеачката СДСМ.

Повеќе на Музика24...