Музика на кирилица

Зоран Џорлев и Ирена Спировска домаќини на нов музички проект на ТВ Алфа (Фото)

Како што дознава музичкиот портал Музика24, Зоран Џорлев и Ирена Спировска се новите водители на новата музичка емисија која секоја саботна вечер ќе се емитува на националната телевизија Алфа. По музичките емисии “Еден бакнеж” и “Зајди, зајди” кои сеуште се емитуваат репризно на тв програмата, ова ќе претставува нов оргинален музички формат, во кој што во секоја емисија ќе има по двајца гости, од кои еден од постарата и еден од помладата генерација.

Во емисијата, како што дознаваме, ќе се пејат македонски стари народни песни, како и новосоздадени композиции под водство на оркестарот на Илчо Јованов. За прв пат оваа емисија гледачите ќе можат да ја погледат во новогодишно издание кое ќе се емитува за време на новогодишните празници.

Можеби ќе ве интересира: