Зоран Ванев беше голема ѕвезда, жените го обожаваа! И тогаш тој одлучи дека сцената не е за него: Еве каде е и што прави денес

Синот на Ванев е најдобриот ракометен стрелец во Швајцарија, а неговиот талент кон спортот е максимално поддржан од целото семејство, најмногу од тато Зоки и мама Лидија.

Пејачот Зоран Ванев кој инаку и не е веќе толку активен на естрадата, а кој го памтиме во Македонија по големиот хит “Ангела“ на својот Фејсбук објави неколку фотографии од синот Ник Ванев кој го носи дресот на ракометниот клуб во Швајцарија за кој тој тренира, а кој е најдобар стрелец. По објавата стасаа многу заслужени честитки за големиот успех на надежниот ракометар Ник.

Зоран Ванев направи убава пејачка кариера и во соседна Србија, особено беше омилен пејач-колега на мега популарната Цеца Ражнатовиќ, пеејќи ги хитовите “Јужна пруга Скопље-Београд-Беч“, “Лила, Лила“, “Анита“, имаше огромен број посетени концерти, но како што се појави, така некако преку ноќ и исчезна од музичката сцена. Замина од Штип за Белград, потоа за Виена, па откако се презасити или разочара од естрадата, реши од необјаснети причини сето тоа да го напушти. Се “префрли“ во сосема друга професија. Тој во Швајцарија има своја клиника во Цирих која се наоѓа до самата железничка станица Шлирен.

Во меѓувреме Д-р Ванев дипломирал на „Парацелсус академијата за алтернативна медицина“ во Цирих со што стана првиот Македонец во Швајцарија кој ја има титулата „Доктор за природна медицина“. Неговата клиника ја посетуваат луѓе од целиот свет наоѓајќи спасоносен лек. Ванев зад себе има и успешен брак со својата сопруга Лидија, а пред некоја година прославија 20 години од брачната заедница.

Подготви: Редакција Музика24

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com