Музика на кирилица

Лина Угриновска отвори своја букинг агенција

Македонската букинг агентка Лина Угриновска, неодамна ја отвори својата агенција „Banana & Salt“, која нуди интернационален букинг, консалтинг, обука и едукација за уметници и музички професионалци. Угриновска до неодамна беше на чело на интернационалниот букинг на „Пасворд продукција“.

Дел од артистите со кои ќе работи агенцијата „Banana & Salt“ се: „Љубојна“, „Funk Shui“, Ида Престер, Давид Мука, „PCTRS“, „Lollobrigida“, Рут Колева итн.

Агенција исто така ќе понуди сесии за обука и работилници кои се занимаваат со теми како што се ментално здравје, стрес, рамнотежа помеѓу работата и животот. Тимот на „Banana & Salt“ има за цел да им понуди своја експертиза на уметници, агенти, агенции и соработници, менаџери, дискографски куќи итн.

Коментирајќи го лансирањето на агенцијата, австрискиот промотор Георг Лајтнер (ГЛП) вели: „Сфатив дека Лина е исклучително страствена во нејзиниот пристап кон уметниците и музиката со која менаџира. Нејзината мрежа и добрата репутација, особено во југоисточна Европа, во комбинација со нејзиниот стратешки пристап им отворија врати и на уметниците и на промоторите“.

Можеби ќе ве интересира: