Музика на кирилица

19 годишниот Александар Темелков направи “хаос” во “Ѕвездите на Гранд” (Видео)

Во последната емисија на музичкото тв шоу “Ѕвездите на Гранд”, настапуваше и добро познатиот Александар Темелков кој досега неколку пати се натпреваруваше во регионалните музички шоуа. Штом се појави на сцената, Темелков беше поздравен со аплауз од публиката која веднаш го препозна. Тој се претстави со песните “Само тебе јас те сакам” и “Ти ќе си моја” од Јордан Митев, а жирито го препозна по неговиот глас и знаеше за кого станува збор.

По неговата изведба, Темелков доби три гласа. За него гласаа Адил, Јелена Карлеуша и Вики Миљковиќ. Со неговите интерпретации тој успеа да ја крене публиката на нозе, па направи вистински хaoс во студиото на “Гранд”. Саша Поповиќ истакна дека Темелков е низок, па го покани Ѓорѓе Давид на сцена за да ги спореди по височина.

https://www.youtube.com/watch?v=OL2MgtNxcbY&t=5766s

Александар за свој ментор ја одбра Вики Миљковиќ, а Поповиќ за да направи шоу истакна дека погрешил што ја одбрал Миљковиќ и дека требало да ја одбере Карлеуша. Ова е доказ дека за да се влезе во вториот круг не треба да пеете само српски, босански или хрватски песни, и нашите македонски новосоздадени, како и народни песни, се оние кои го привлекуваат вниманието и на публиката и на жири комисијата, кмолку и таа да е стручна или нестручна, сеедно. Како познатата фолк пејачка Миљковиќ ќе го подготви Темелков за следниот круг останува да видиме.

Инаку, ова не е првпат Александар да учестува во “Ѕвездите на Гранд”. Тој беше во музичкото шоу и пред неколку години кога и пееше на Зорица Брунцлик. Меѓутоа, остана препознатлив кога пееше “Кило горе, кило доле” на Јелена Карлеуша која тогаш го зема Александар во раце и го врати на сцената.

Можеби ќе ве интересира: